Утрински Весник
Македонија

229 сообраќајни прекршоци во Скопје, 62 за брзо возење

229 сообраќајни прекршоци во Скопје, 62 за брзо возење

По засилените акциски контроли во текот на вчерашниот ден, МВР соопшти дека на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 229 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 62 санкции, 19 прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли, 17 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење без возачка дозвола.

Изречени биле и пет казни за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, пет за непочитување на првенство на минување, 66 санкции за непрописно паркирање.

Од МВР најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема сообраќајна безбедност.

Можете да прочитате

Од понеделник времен режим на сообраќај на патот Градско – Дреново поради изградба на клучката Дреново

Честитка на министерот Минчев по повод Денот на Републиката

Мицкоски: Илинден нè обединува околу идејата за држава што ги надминува поделбите