Утрински Весник
Свет

21 милион луѓе во карантин во југозападна Кина поради епидемијата на коронаирус

21 милион луѓе во карантин во југозападна Кина поради епидемијата на коронаирус

Речиси 21 милион луѓе во кинескиот град Ченгду се во карантин поради новата епидемија на коронавирус.

dobivaj vesti na viber

Во Кина сè уште е во сила политиката на нулта Ковид, па властите го потиснуваат ширењето на вирусот со воведување долгорочни карантини и масовни тестирања.

Ченгду, град во југозападна Кина, е последниот град што објави карантин, пишува „Гардијан“. Во официјалното соопштение градските власти соопштија дека жителите мора да останат дома бидејќи „борбата против новиот бран зарази продолжува“.

Ченгду вчера забележа 157 новозаразени, од кои 51 лице не покажале никакви симптоми, соопштија градските власти.

Се повикуваат жителите да не го напуштаат градот.

На секое домаќинство ќе му биде дозволено да испраќа по едно лице дневно да купува продукти и основни потреби под услов тестот да му биде негативен во претходните 24 часа, се вели во известувањето.

Се вели дека сите жители ќе бидат тестирани на вирусот меѓу четврток и недела и властите ги повикаа да не го напуштаат градот, освен ако тоа не е апсолутно неопходно.

„Моментната состојба на контрола на епидемијата е сложена и мрачна. Целта на мерките е да се запре ширењето на епидемијата и да се гарантира здравјето на сите граѓани“, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците