Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

199 сообраќајни прекршоци во Скопје, 41 за брзо возење

199 сообраќајни прекршоци во Скопје, 41 за брзо возење
Img 7972

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје биле изречени вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 33 санкции, 41 мерка за возење повеќе од дозволената брзина, 21 санкција за возење без возачка дозвола.

Изречени биле и 10 казни за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 12 прекршоци што ги направиле пешаците, 37 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните деновинајави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ