Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во текот на минатата недела направени се 3.281 тест, а регистрирани се 196 нови случаи на КОВИД-19 со намалување од 14,8% во однос на минатата недела (n=230): Скопје – 127, Прилеп – 21, Охрид – 10, Битола – 8, Штип – 5, Кавадарци и Кочани – по 4, Неготино – 3, Куманово, Струмица и Кичево – по 2, Тетово, Велес, Гостивар, Струга, Гевгелија, Радовиш, Дебар и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатата недела (31.10 – 06.11.2022) не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 8 починати лица, од Скопје (3), Прилеп (2), Битола (1), Охрид (1) и Штип (1). Пријавените се на возраст од 70г до 95г, а починати се во период од 14.09.2022 до 21.10.2022г. Од починатите лица, 5 се починати во болнички услови и 3 во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 2.186.573 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.342, бројот на оздравени пациенти е 334.556, на починати е 9.572, а бројот на активни случаи изнесува 214.
На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против COVID-19. Заклучно со 06.11.2022, вакцинирани се вкупно 875.849 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 856.930 лица.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 31.10.2022 до 06.11.2022 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/