Утрински Весник
Свет

19 мртви во пукање во Синалоа, уапсен лидер на картел

Meksiko Karteli.jpg

Во пукање во близина на главниот град на мексиканската држава Синалоа, убиени се 19 осомничени членови на банда, а лидерот на локалниот картел е уапсен, соопшти доцна вчера мексиканското Министерство за одбрана.

Судирот се случил во понеделникот кога повеќе од 30 вооружени напаѓачи отвориле оган врз војници на околу 11 километри од Кулијакан, во Синалоа, се вели во соопштението. Се додава дека некои од напаѓачите побегнале откако федералните агенти возвратиле на оганот.

Уапсениот осомничен е идентификуван како Едвин Антонио „Н“ – локален водач на картелска фракција поврзана со ко-основачот Исмаел Ел Маја Замбада.

Полицијата, исто така, заплени седум возила и речиси 30 огнени оружја, вклучувајќи митралези, муниција, панцири и шлемови.

Насилството во Синалоа ескалира по апсењето на Замбада кон крајот на јули во Тексас, што го засили ривалството меѓу картелските фракции, пренесува Ројтерс.

Замбада, кој има 70 години, тврди дека бил киднапиран од висок член на фракцијата Лос Чапитос и одведен во САД против негова волја.

Можете да прочитате

Борел стигна во Киев, ќе ги смирува властите по победата на Трамп во САД

Го нарекуваше Трамп „идиот“ и „американски Хитлер“, сега ќе му биде потпретседател

Силен земјотрес го погоди југот на Италија