Утрински Весник
Македонија

189 санкции за брзо возење на територијата на Македонија

175 казнети возачи во Скопје, 42 биле под дејство на алкохол

Во текот на вчерашниот ден (06.07.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 189 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 74 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 116 надвор од населено место.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Не стигнало барање за одземање на имунитетот на судијата Ристов, вели Камбовски

Утре ќе се бира шеф на Скопското обвинителство

Лимани од Букурешт: Северна Македонија гради модерен, инклузивен и дигитализиран систем на социјални услуги