Утрински Весник
Македонија

184 сообраќајни прекршоци во Скопје, 39 за брзо возење

184 сообраќајни прекршоци во Скопје, 39 за брзо возење

По засилените сообраќајни контроли на територијата на град Скопје вчера биле изречени вкупно 184 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 39 санкции, 23 прекршоци што ги направиле пешаците, 14 за возење без возачка дозвола, 12 прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли.

Биле изречени и осум казни за користење мобилен телефон, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум за возење под дејство на алкохол, шест за непрописно престигнување и обиколување, 45 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделакта е однапред договорена

Два нови пилоти за гаснење пожари се приклучуваат на ДЗС

Манасиевски: СДС да одговори, дали 1,5 милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај Башановиќ