Утрински Весник
Македонија

180 санкционирани возачи во Скопје, 54 за брзо возење

За четири часа 51 казна за брзо возење на територија на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

„Изречени се осум санкции за користење на мобилен телефон при управување возило, две мерки за возење под дејство на алкохол, осум мерки за некористење на сигурносен појас. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи