Утрински Весник
Македонија

180 сообраќајни прекршоци во Скопје, 25 за пребрзо возење, 19 возеле без возачка дозвола

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 180 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 25 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, а шест за користење на мобилен телефон.

Изречени биле и 30 мерки за прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли, 10 казни за прекршоци што ги чинат пешаците, 15 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Засилените акциски контроли продолжуваат, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Млад човек починал во стан во Скопје

Левица со Предлог-закон за ограничување на учеството на армијата во странски операции

Зајкова: Законот за електронска нараквица веќе се спроведува во БиХ