Утрински Весник
Балкан

18-годиншно момче почина на фестивалот „Егзит“ – било пронајдено онесвестено

Sve O Exit 2024.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Српските медиуми пишуваа дека момче (18) од Нови Сад почина за време на фестивалот „Егзит“. Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека тој починал, но деталите сѐ уште не се познати, пишува „Телеграф“.

Според првичните информации, нема знаци на насилна смрт.

Oрганизаторите на фестивалот „Егзит“ велат дека од итната помош добиле неофицијални информации дека тинејџерот починал во Клиничкиот центар во Војводина откако бил пронајден во бессознание на Варадинскиот мост.

viber slika
„Испраќаме најискрено сочувство до семејството и пријателите на починатиот и нашите мисли сега се со нив. Фестивалот ЕГЗИТ од своето основање силно се залага против секаква употреба на наркотици, на фестивалот и во текот на целата година спроведуваме низа едукативни кампањи и активности на полето на превенцијата и ширењето на свеста за штетното дејство на дрогата и ќе продолжиме да дејствува уште посилно во оваа насока.

Општеството во целина мора да вложи максимални напори да ги едуцира младите и да ги насочи во насока на поздрави животни одлуки. Покрај кампањите кои зборуваат за штетните последици од конзумирањето психоактивни супстанци, неопходно е да се донесат соодветни законски решенија со цел овој проблем адекватно да се сведе на минимум. Употребата на наркотици, како и алкохол и тутунски производи, дигиталната зависност, коцкањето и постојано присутните тешкотии кога станува збор за менталното здравје на младите се само дел од огромните проблеми кои бараат навремена и континуирана реакција од сите елементи на општеството“, се вели во соопштението од организаторите.

Можете да прочитате

Екстремен студ: Во Хрватска утрово температурата се спушти дури до -21 степен

Пукање во Будва – едно лице го изгуби животот

Турција приведе 357 осомничени членови на Исламска држава