Утрински Весник
Македонија

175 санкционирани возачи во Скопје: 95 за брзо возење

238 казни за брзо возење
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 95 санкции, четири мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

dobivaj vesti na viber

Изречени се седум санкции за управување под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за неносење сигурносен појас и една санкција за возач почетник.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Амандманска расправа за предлог законот за Судскиот совет

МВР со највисока доверба кај граѓаните во борбата против корупцијата

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани