Утрински Весник
Македонија

174 санкционирани возачи во Скопје, 93 за брзо возење

174 санкционирани возачи во Скопје, 93 за брзо возење

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден биле изречени вкупно 174 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 93 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.

dobivaj vesti na viber

Изречени биле и шест мерки за користење мобилен телефон, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Засилените акциски контроли продолжуваат, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

„Безбеден град“ детектирал 120.000 прекршоци за пет месеци

СДММ: Нема да молчиме, младите победуваат!

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител