Утрински Весник
Македонија

172 санкционирани возачи во Скопје

Sankcionirani vozachi 3.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за поминување на затворен сигнал – црвено светло, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, две мерки за управување под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Хаос во Италија: Масовна пресметка меѓу Македонци и Албанци заврши со апсења

Земјотрес почувствуван во Охрид и околината

Македонска Каменица во тридневна жалост по трагичната смрт