Утрински Весник
Македонија

171 сообраќаен прекршок во Скопје, казнети 48 возачи за брзо возење

171 сообраќаен прекршок во Скопје, казнети 48 возачи за брзо возење

Вчера Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење над дозволената брзина 48 казни, 15 за возење без возачка дозвола, 25 за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени биле и 9 мерки за користење мобилен телефон, 3 за минување на црвено светло, 13 за возач почетник, 31 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, информира МВР.

Можете да прочитате

Кривична и притвор за насилници од Турција за напад врз доставувач во Скопје

Пропадна набавката за полициски униформи

Филмски омаж на Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето во Кинотека