Утрински Весник
Македонија

17-годишно момче загина во сообраќајна несреќа со мотор во Струмица

Моторцикл се судрил со „мерцедес“ во Тетовско

Загина 17-годишно момче во сообраќајна несреќа на булеварот Гоце Делчев во Струмица, а кое било сопатник.

dobivaj vesti na viber

Вчера во 23.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од село Градашорци, струмичко и патничко возило „бмв“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(25) од село Босилово, струмичко. Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал 17- годишен сопатник на мотоциклот, а лекар од Итна медицинска помош Струмица констатирал смрт. Додека, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица“, информира СВР Струмица.

Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и увидна екипа од Полициската станица Струмица

 

Можете да прочитате

30.000 евра, закани и сомнеж за манипулација со телефон – потресни сведоштва на судењето за трагедијата во Тафталиџе

УЈП: Од понеделник обуки за студентите поврзани со работата во странство преку програмата „Work and Travel“

„Купи ми стан и кола или ќе те убијам“ – пријава од жена во Тетово