Утрински Весник
Македонија

17-годишна девојка тешко повредена во сообраќајна несреќа

17-годишна девојка тешко повредена  во сообраќајна несреќа

17-годишно женско лице било тешко повредено во сообраќајка на патот Битола – Прилеп.

Синоќа во 22:18 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А3 Битола – Прилеп, патничко возило „опел“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(41) од Демир Хисар удрило во животно и излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 17-годишна сопатничка, а со телесни повреди М.П.(65), и двете од Демир Хисар, констатирани во Клиничката болница во Битола.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола.

Можете да прочитате

Јаневска: Нема потреба од повлекување на законот за високо образование, нема многу забелешки, сите разумни ќе бидат прифатени

Со украдено возило удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Мајка пријави дека нејзината 9-годишна ќерка била бакнувана и допирана од роднина