Утрински Весник
Македонија

166 санкционирани возачи во Скопје, 37 за брзо возење

39 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возач почетник.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, 16 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, осум мерки за возење под дејство на алкохол.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Андоновска: Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но сè уште е многу рано да се каже дека е надминат пикот

Ограбена жена на автобуска постојка среде Центар

Филипче: Техничката влада мора да остане, не се созреани условите за укинување