Утрински Весник
Македонија

163 сообраќајни прекршоци во Скопје, 82 за брзо возење

163 сообраќајни прекршоци во Скопје, 82 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, четири прекршока што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, 33 санкции за непрописно паркирање, три санкции за минување на црвено светло.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. MВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Можете да прочитате

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа

Николоски на увид на автопатот Охрид-Кичево