Утрински Весник
Македонија

162 санкционирани возачи во Скопје, 20 возачи на мотоцикл

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 20 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се 10 мерки за користење на мобилен телефон, осум санкции за возење под дејство на алкохол, 13 мерки за технички неисправни возила и нерегистрирани возила, две санкции за минување на затворен сигнал.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Можете да прочитате

Повторно судење за второ и трето обвинетиот лекар за случајот со родилката од Дебар

Охриѓанец со лажно одобрение за градба рекламирал и продавал станови кои не постојат

ФЗО: Буџетот достигна 836 милони евра, скок на транспарентноста минатата година