Утрински Весник
Свет

16 загинати во вооружен напад на плажата Бонди во Сиднеј

Police.webp.webp

Бројот на загинати во пукањето на плажата Бонди во Сиднеј се зголеми на 16, вклучувајќи и едно дете, соопшти министерот за здравство на Нов Јужен Велс, Рајан Парк. Повредените и хоспитализираните се зголемија од 29 на 40.

Нападот се случи околу 18:47 по локално време, кога најмалку две вооружени лица отворија оган кон околу 1.000 луѓе во паркот Арчер, каде еврејската заедница организирала јавна прослава. Еден од осомничените е убиен на местото, додека вториот е повреден и приведен. Истражителите не ја исклучуваат можноста за вмешаност на трет осомничен.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе нападот го осуди како „чин на зло, антисемитизам и тероризам“ и свика итна седница на Комитетот за национална безбедност. Светски лидери исто така изразија осуда и сочувство.

Можете да прочитате

Кос: Членство на Украина во ЕУ до 2027 година е „невозможно“

Иран ги прекина испораките на гас за Турција

Двојни цени за гориво: 2,6 евра за странци, 1,62 евра за Унгарци