Утрински Весник
Македонија

153 сообраќајни прекршоци во Скопје, 27 за брзо возење

25 санкционирани возачи на територија на СВР Велес

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за непрописно престројување на возила…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Од понеделник времен режим на сообраќај на патот Градско – Дреново поради изградба на клучката Дреново

Честитка на министерот Минчев по повод Денот на Републиката

Мицкоски: Илинден нè обединува околу идејата за држава што ги надминува поделбите