Утрински Весник
Македонија

153 сообраќајни прекршоци во Скопје, 57 за брзо возење

153 сообраќајни прекршоци во Скопје, 57 за брзо возење

По засилените сообраќајни контроли во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 153 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 23 за возење под дејство на алкохол, 18 за возење без возачка дозвола, девет прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли.

Според МВР, биле изречени и шест казни за минување на црвено светло, четири за непрописно престројување, 17 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

СДСМ: Огромно задоволство на граѓаните, дојдовме до реалната анкета на ВМРО-ОКГ! 

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг, Мицкоски со најголема доверба

ВМРО-ДПМНЕ: СДС по насока на Заев промовира антидржавна политика