Утрински Весник
Македонија

14 странски државјанки затекнати во тетовски локал во време на епидемија

Скопјанец приведен во Прилеп поради кражби

Тетовската полиција во вечерните часови на 7 декември извршила контрола на угостителски објект на улицата „Браќа Миладинови“, при што било констатирано дека во него има повеќе гости, со што не била почитувана одлуката на Владата за работно време на локалите во тек на епидемијата од Ковид-19.

Во објектот во сопственост на 52-годишниот тетовец З.А биле затекнати и 14 странски државјанки (седум од Албанија, шест од Србија и една од Косово).

Тие биле приведени во полициска станица, поради злоупотреба на туристички престој и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Приведен бил и сопственикот З.А., кој исто така ќе заработи пријава.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мицкоски ќе се обрати на свечена владина седница по повод Денот на албанската азбука

Доаѓаат нови обилни дождови, снег и снежна покривка ќе има на планините

Обвинителството не може кривично да ги гони малолетничките што ја претепаа и снимаа нивната врсничка во Штип