Утрински Весник
Свет

14 лица починаа од труење со алкохол во Русија

14 лица починаа од труење со алкохол во Русија

Најмалку 14 лица починаа од труење со алкохол во регионот Оренбург во Русија, објави регионалната влада.

Првите извештаи за труење со метанол во регионот Оренбург биле пријавени вчера.

„Досега имаме податоци за 22 пациенти, од кои 14 починаа. Останатите се лекуваат во болница“, соопшти прес-службата.

Покрената е кривична постапка под обвинение за производство и продажба на производи што не ги исполнуваат стандардите за безбедност, а тројца осомничени се во притвор.

Можете да прочитате

Макрон со предлог за забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Член на Хамас уапсен на аеродромот во Берлин, подготвувал терористички напади

Договорен датум за нови преговори меѓу Русија и Украина