Утрински Весник
Македонија

13-годишно дете прегазило друго дете со кола во Арачиново

Soobrakajka.jpg

13-годишно дете кое возело автомобил „Форд“ прегазило 14-годишно момче во Арачиново. Тоа е тешко повредено и било итно пренесено на скопските клиники, соопшти МВР.

„На 24.03.2026 во 09:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„10“ во с.Арачиново, скопско, патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 13-годишник, удрило во 14-годишник, двајцата од с.Арачиново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.


Можете да прочитате

70-годишник бил физички нападнат од неговиот сосед

Акција на МВР и ОЈО: Истражуваат фалсификати за учество на државни тендери

Филипче: Нема да дозволам делби на СДСМ и нови подизведувачи на криминалната ВМРО