Утрински Весник
Македонија

127 сообраќајни прекршоци во Скопје, 28 за брзо возење

127 сообраќајни прекршоци во Скопје, 28 за брзо возење

По засилените сообраќајни контроли на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден биле изречени вкупно 127 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 28 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, седум прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли.

МВР соопшти дека биле изречени 11 санкции за користење на мобилен телефон, седум за нерегистрирани возила, шест за некористење сигурносен појас, четири за возење под дејство на алкохол.

Полицијата најавува дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Мицкоски: Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот

Под дејство на алкохол удрил и усмртил пешак во Марино, предложен притвор за 21-годишник

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ