Утрински Весник
Македонија

12 милони евра од ТАВ за реновирање на ГОБ 8-ми Септември

Gradska Opsta Bolnica Osmi Septemvri 8.jpg

Познати се и сумата и изворот на големите пари кои влегуваат во ГОБ „8 Септември“. Инвестицијата ќе биде наменета за модернизација на хируршкиот оперативен блок, и Одделот за анестезија, реанимација и интензивна нега на скопската градска општа болница. Со вложување од 12 милиони евра, пари кои Владата ги пренамени од договорот за концесија со ТАВ Македонија, оваа здравствена установа ќе добие подобрени услови за работа, што би можело да биде клучен чекор во унапредувањето на нејзиниот статус, пишува Фактор.

На седница одржана на 21. јануари 2025 година, Владата донесе одлука да ја промени намената на дел од средствата од договорот за концесија со компанијата ТАВ Македонија.


Вкупно 14,7 милиони евра (906,7 милиони денари), кои првично беа предвидени за други инфраструктурни проекти, сега ќе бидат искористени за две значајни инвестиции:

Реновирање и опремување на хируршкиот блок во ГОБ „8 Септември“ – Скопје

За оваа намена ќе се издвојат 12 милиони евра (740.363.679,84 денари). Проектот опфаќа целосна реконструкција и модернизација на хируршкиот оперативен блок, одделот за анестезија, реанимација и интензивна нега, како и сите придружни помошни простории во една од најголемите болници во земјата.

Подобрување на капацитетот за патници во аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид

Наместо првично планираната модернизација и проширување на терминалот, средствата ќе бидат пренаменети за подобрување на патничкиот капацитет на аеродромот во Охрид. За оваа цел се издвојуваат 2,7 милиони евра (166.050.000,00 денари).

Можете да прочитате

Мицкоски со обраќање на годишната Конференција за конзервативна политичка акција во Вашингтон

Сијарто: Унгарија нема да поддржи продолжување на санкциите против руски и белоруски поединци

Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, најавува Јаневска