Утрински Весник
Свет

12 лица се повредени од турбуленции на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин

Befunky 2024 4 0 16 42 43.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дванаесет лица се повредени поради силните турбуленции на лет на „Катар ервејс“ од Доха до Даблин.

Во соопштението од аеродромот во Даблин се наведува дека авионот слетал безбедно, според планираното, нешто пред 13 часот по локално време.

„По слетувањето, ги пречека амбулантно возило, аеродромската полиција и нашата противпожарна и спасувачка служба, поради шест патници и шест членови на екипажот кои пријавиле повредени, откако авионот претрпел турбуленции додека летал над Турција“, се вели во соопштението.

Не се соопштуваат детали за сериозноста на повредите.

Инцидентот се случува пет дена откако Британец го загуби животот, а неколку други беа повредени кога авион на Сингапур Ерлајнс од Лондон претрпе силни турбуленции.

Можете да прочитате

Руски хакери се пофалија дека ја нападнале француската пошта

Тројца загинати по експлозија во Москва

Папата Лав XIV повика на божиќно примирје низ целиот свет