Утрински Весник
Свет

12 Британци уапсени за планирање напад врз исламски собир

Britanska Policija4.jpg

Дванаесет лица се уапсени под сомнение дека упатиле „екстремно десничарска терористичка“ закана кон исламски собир во англискиот округ Сафолк. Апсењата, вклучувајќи ги и тројцата мажи осомничени за заговор за убиство, следат по истрагата на лондонската антитерористичка полиција за собир за време на викендот во Шрабленд Хол, објави Скај њуз .

Организаторите на митингот „Ијтима“ во Велика Британија, кој се одржа од 9 јули до денес, беа советувани да го завршат настанот порано од планираното како мерка на претпазливост поради „потенцијално сериозна закана“. Сите 15.000 учесници безбедно го напуштија митингот, соопшти полицијата.


Меѓу осомничените уапсени вчера се еден 27-годишник од Ипсвич, еден 35-годишник од областа на Голем Манчестер, двајца 42-годишници од Есекс и петмина мажи од Сари, на возраст од 27, 29, 55, 60 и 82 години.

„Реагиравме многу брзо“

Денес беа уапсени и 33-годишен маж од југоисточен Лондон и 31-годишен маж и 48-годишна жена од источен Лондон. Тројцата мажи, на возраст од 82, 55 и 60 години, беа уапсени под сомнение за заговор за убиство.

82-годишниот маж оттогаш е ослободен со кауција, додека жената е уапсена под сомнение за помагање и поттикнување на кривично дело. Осумте мажи беа уапсени и притворени согласно член 41 од Законот за тероризам од 2000 година и остануваат во полициски притвор.

Командантката Хелен Фланаган, началничка на лондонската антитерористичка полиција, изјави дека полицијата реагирала исклучително брзо откако била запознаена со потенцијална сериозна закана за исламски собир во Сафолк. „Откако бевме запознаени со потенцијално сериозна закана за исламски собир во Сафолк, реагиравме исклучително брзо и извршивме голем број апсења на различни локации низ земјата“, рече Фланаган.

„Ова е длабоко загрижувачка вест за британските муслимани“

„Свесна сум дека оваа вест може да биде загрижувачка за јавноста, а особено за членовите на муслиманската заедница, со оглед на тоа што веруваме дека наменетата цел беше исламски собир. Сепак, како што покажавме, нема да се двоумиме да одговориме доколку постои каква било потенцијална закана, без оглед на тоа кој или што може да биде целта“, додаде таа.

„За жал, оваа акција е силен потсетник дека нивото на закана во Велика Британија е поставено на сериозно, затоа ги повикуваме граѓаните да останат будни и да пријавуваат сè што изгледа или делува сомнително“, рече Фланаган.

Британската министерка за внатрешни работи Шабана Махмуд изјави дека одговорот на полицијата на „веродостојна закана“ кон собирот на Иџтима во Велика Британија „несомнено спасил животи“. „Знам дека ова е длабоко загрижувачка вест за британските муслимани“, додаде таа.

Можете да прочитате

Трамп: Врховниот лидер на Иран веројатно е исчезнат

Трамп: Ќе го контролираме Ормускиот теснец и другите земји ќе ни плаќаат за тоа

Захарова: Западот сака да ни ја прекрои историјата