Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

102 товарни моторни возила упатени на вонреден технички преглед

102 товарни моторни возила упатени на вонреден технички преглед
300x250 opst2

Во текот на вчерашниот ден (27.10.2022) во периодот од 07.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила.

dobivaj vesti na viber

При контролата 102 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед од кои неисправни биле 32 и тоа: 12 поради техничка неисправност на уредот за запирање, 11 за неисправни системи и опрема, три за претовар, две возила биле со неисправен уред за управување…

Во однос на возачите: 12 возачи бесправно управувале со возило, шест возеле без возачка дозвола, еден возач управувал возило за време на впишана прекршочна санкција „забрана за управување”…

При контролата санкционирани се и 104 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Поради снежни врнежи, забрана за камиони на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку Стража

Бугарски медиум: ВМРО-ДПМНЕ се издржува со пари од Бугарија и сомнителни бизниси во Струмица

Полски државјанин уапсен во Скопје – Полицијата со детали