Утрински Весник
Македонија

1 Мај неработен ден за сите граѓани

1 Мај неработен ден за сите граѓани
Dik 300x250 mk

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 1 Мај, сабота, Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани.

Ден на трудот е меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.

Се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а четворица од нив биле погубени.

Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот оснивачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.

Можете да прочитате

Одложено судењето на екс директорот на скопскиот затвор Филип Андов – Сокол

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме историска победа, во СДСМ не се доволни само неколку оставки

Заедно пиеле па потоа го убил – Еден осомничен за убиство во дојранско Сретеново