Утрински Весник
Магазин

Џ. К. Роулинг заработувала повеќе од 1 милион долари месечно во изминатите две години

Џ. К. Роулинг заработувала повеќе од 1 милион долари месечно во изминатите две години

Џ. К. Роулинг, авторката на романите за Хари Потер, заработувала дури 637.321 фунти месечно во последните неколку години, делумно, благодарение на успехот на нејзините книги за приватниот детектив и воен ветеран Корморан Страјк кои се претворија во ТВ-серија.

55-годишната авторка што ги напиша книгите „Страјк“ под псевдонимот Роберт Галбрајт заработи 12.850.000 фунти во 2018 година и 2.445.725 фунти минатата година од компанија што се занимава со нејзините ТВ-дела, според весникот „Сан“.

Книгите Strike се трансформирани во фасцинантна драмска серија „Детектив Страјк“ од нејзината продукциска куќа „Бронте филм и телевизија“.

Команијата е одговорна и за серијата The Casual Vacancy на „ХБО“, како и за серијата „Хари Потер“ во лондонски Вест Енд.

Компанијата пријавила обрт од 18 милиони фунти минатата година, според сметките поднесени во „Компанис хаус“, со што се потврдува значителен раст од 13,5 милиони фунти пријавени во 2018 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста