Таа е долгонога филмска кралица од 1990 година кога со Ричард Гир дојде до мега слава со блокбастерот „Убава жена“.
Џулија Робертс покажа дека нејзините нокаут-нозе се сè уште во топ форма, кога во вторникот отиде на прошетка на плажа на Хаваите.
53-годишната оскаровка зрачи со квалитет на ѕвезда дури и во секојдневна облека, модерен пар шорцеви на Дејзи Дјук и спортска кошула врзана околу половината.
„Убавата жена“ која го освои прво Холивуд, а потоа и светот, сега има 53 години.
Џулија се прослави со романтичната комедија „Убава жена“ (Pretty Woman) во 1990 година и набрзо стана една од најплатените актерки. Големата ѕвезда, која е мајка на три деца, се закити со Оскар за улогата во биографскиот филм „Ерин Брокович“.
Таа е една од омилените личности меѓу колегите и кај публиката. Веќе одамна не е активна на холивудската сцена, а и не може често да се види на гламурозни настани.