Утрински Весник
Магазин

Џуди Денч почна да користи и да танцува на „Тик-ток“

Џуди Денч почна да користи и да танцува на „Тик-ток“

Во текот на синоќешното виртуелно гостување во ток-шоуто „Доцна навечер со Сет Мејерс“ на Ен-би-си, каде што го промовира својот нов филм „Белфаст“, Дејм Џуди Денч откри како нејзиниот внук ја натерал да се занимава со танцувачки предизвици на „Тик-ток“.

87-годишната британска актерка рече дека нејзиниот внук Сем Вилијамс дошол кај неа додека таа била во самоизолација и ѝ рекол: „Мислам дека треба да направиме малку ‘Тик-ток’“.

„Јас му реков дека сум апсолутно безнадежна во тие работи, но тој ме увери да не се грижам бидејќи ќе вежбаме претходно“.

Откога извежбале и го снимиле клипот, таа го прашала дали ќе го објави. „Треба уште вежбање“, ѝ рекол внукот.

„Тој беше тиранин“, се пошегува Џуди.

Таа никогаш не го видела готовиот резултат, а Сет потоа ја покажал снимката на која танцува со својот втор внук. Џуди и Сем потоа продолжиле со други танцувачки предизвици на апликацијата „Тик-ток“.

Сет потоа ја информирал дека Сем исто така се зафатил и со рецензии на нејзини филмови.

Можете да прочитате

Овие знаци ќе привлечат пари во 2026 година

Колку често треба да имате секс за среќна врска? Експерт открива „златна средина“

Неврохирург открива на што родителите мора да внимаваат за здрав мозок кај децата