Утрински Весник
Магазин

Џо Манганиело вели дека сè е подготвено за филм за Детстроук

Џо Манганиело вели дека сè е подготвено за филм за Детстроук

Актерот кој го портретира супернегативецот Слејд Вилсон – човек што живее двоен живот, еден како платен убиец Дeтстроук и друг како семеен човек – во филскиот универзум на „Ди-си комикс“ откри дека постојат планови за самостоен филм со ликот и се надева дека фановите ќе можат да видат како се реализира проектот.

44-годишниот Манганиело, кој неодамна играше негативец во „Лигата на правдата“ на Зак Снајдер, рече: „Поставени се сите смерници за филмот.“

Говорејќи за бројни проекти со ликот Детстроук кои се веќе завршени, актерот откри дека тој дури одлучил да напише своја приказна за потеклото на ликот, а тоа е неговата фрустрација поради тоа што не се вклопува во универзумот.

„Сакав Детстроук да биде човек и приземјен, па започнав со тоа дека тој бил дел од американската војска,“ рече актерот.

Можете да прочитате

Овие знаци ќе привлечат пари во 2026 година

Колку често треба да имате секс за среќна врска? Експерт открива „златна средина“

Неврохирург открива на што родителите мора да внимаваат за здрав мозок кај децата