Утрински Весник
Свет

Џо Бајден ги покани Кина и Русија на преговори за контрола на нуклеарното оружје

Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот ги повика Русија и Кина да започнат преговори за контрола на нуклеарното оружје, нагласувајќи дека Москва треба да покаже посебна одговорност по инвазијата на Украина.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението за печатот, тој повтори дека неговата администрација е подготвена за „брзи преговори“ за замена на Новиот СТАРТ, договорот кој истекува во 2026 година и го ограничува количеството на интерконтинентално нуклеарно оружје на САД и Русија.

„Русија мора да покаже дека е подготвена да продолжи да работи на контролата на нуклеарното оружје“, рече Бајден.

„Но, за преговорите е потребен партнер кој е одлучен и со добра волја. Суровата и неиспровоцирана руска агресија против Украина го наруши мирот во Европа и е напад на основните принципи на меѓународниот поредок“.

Во врска со Кина, која го зајакна својот многу помал нуклеарен арсенал, Бајден рече дека Пекинг има обврска, како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, „да учествува во преговорите што ќе го намалат ризикот од погрешна пресметка и ќе се справи со дестабилизирачката воена динамика “.

„Ниту една земја или светот нема да имаат корист од противењето на важната заложба за контрола на оружјето и неширење на нуклеарното оружје“, рече тој, пренесе хр.н1

Можете да прочитате

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината

Речиси 30.000 дезертери доброволно се вратија да служат во украинската армија по сила на законот за амнестија