Сеул, 25 февруари 2020 (/) – Сони внимателно ги крие тајните поврзани за најновата конзола на Плејстејшн во најава, но тие сè повеќе „случајно“ се откриваат и „протекуваат“ во јавноста.
Меѓу последните гласини, се и оние дека Сони Плејстејшн 5 ќе биде компатибилен со игрите на „четворката“.
Се говори и за нов патент што овозможува дополнителни функции на џојстикот… Станува збор за технологија со опции за следење за телесните реакции на играчот при играњето – колку тој се поти, колкав е бројот на отчукувања на срцето итн.
„Производителите сакаат на гејмерите да им понудат интерактивно и тридимензионално искуство, заради поголемо уживање во игрите. Сè поголемиот пристап до екрани кои се држат на глава како, на пр., ВР очилата, ја направи оваа технологија доста барана”, се вели во описот на патентот.
Овие наводи сѐ уште не се официјално потврдени.
Датумот на објавување на Плестејшн 5, како и продажната цена, сѐ уште не се познати. Сони ги почитува строгите НДА стандарди, за да ги заштити патентите кои се дел од новата конзола. Освен тоа, и Мајкрософт имаше планови оваа година да ја претстави својата Икс-бокс, па Сони се обидува да ги сокрие своите адути. си/сд/