Утрински Весник
Магазин

Џош Хартнет објасни зошто не сакал да биде Супермен и Бетмен

Џош Хартнет објасни зошто не сакал да биде Супермен и Бетмен
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Џош Хартнет ја отфрли шансата да го игра Супермен и човекот-лилјак Бетмен.

42-годишниот актер имаше можност да ги игра двата култни суперхерои претходно во својата кариера, но тој стравувал дека ќе биде нечија марионета доколку прифати некоја од стрип-улогите.

„На таа возраст е многу лесно да станете нечија алатка или нечија марионета,“ рече Хартнет во интервју за „Метро“.

Хартнет е најпознат по филмот „Перл Харбор“ со Бен Афлек и Вилијам Ли Скот.

Во најновиот филм, Target Number One, тој го глуми канадскиот новинар од реалниот живот Виктор Маларек, кој се обидувал да ослободи ситен дилер неправедно осуден на 100 години затвор во Тајланд.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почина познатиот скопјанец Боби Ле Петит

Заштита на домашните миленици од петарди и огномет

Која рака боли непосредно пред срцев удар: Симптоми кои не смеете да ги игнорирате!