Утрински Весник
Магазин

Џош Духамел се вери

Џош Духамел се вери

Актерот Џош Духамел (49) се огласи на Инстаграм во неделата и откри дека ѝ го поставил прашањето на 28-годишната Одра Мари по две години врска.

Џош сподели нивна заедничка фотографија на плажа, а на која се гледа како држи рачно напишана порака на која пишува „Одра Дајен Мари ќе се омажиш ли за мене?“

Објавата ја наслови: „Се случи! Таа најде порака во шише исфрлено на брегот и рече ДА!!“.

Џош претходно беше оженет со пејачката Ферги (46), која напиша „Честитки“ во коментарите.

Можете да прочитате

Во срцето на „земјата на убавите коњи“: Кападокија подготвува голем коњанички фестивал

Дневен хороскоп за 03 Јули 2026 година

Павле Камилоски и вина од Душа на зајдисонце во х.Олгица на 10 јули