Утрински Весник
Спорт

Џошуа и Фјури се договорија за две борби

Ентони Џошуа повторно е крал во тешка категорија

Лондон, 10 јуни 2020 (МИА) – Британските боксери Ентони Џошуа и Тајсон Фјури се договорија за термини за две борби, изјави промоторот Еди Херн во интервју за „Скај Спортс“.

– Двајцата се согласија на оваа борба. Два меча. Остваруваме голем успех, но сепак имаме многу работа. Местата и датумите се дискутираат. Џошуа и Фјури се согласуваат со финансиските услови. Сè од наша страна е завршено, истото може да се каже и за тимот на Фјури. Првата борба може да се одржи во текот на летото, ќе биде во 2021 година. Ние не потпишавме договор затоа што има неусогласени моменти, рече Херн.

Џошуа (30) има 23 победи и еден пораз. На 20 јуни требаше да се бори со Кубрат Пулев во Лондон, но средбата беше одложена поради пандемијата од коронавирус и сè уште не е познато кога ќе се одржи.

Во овој натпревар, Џошуа мора да го одбрани својот појас во верзијата на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ).

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина