Утрински Весник
Магазин

Џорџ и Амал Клуни донираа 100.000 долари за хуманитарни организации во Либан

Џорџ и Амал Клуни донираа 100.000 долари за хуманитарни организации во Либан

Џорџ Куни и неговта сопруга Амал донираа 100.000 долари на хуманитарните организации со седиште во Либан, по стравотната експлозија во која загинаа најмалку 135 лица, а 5.000 беа повредени во Бејрут, родниот град на Амел.

„Обајцата сме длабоко загрижени за луѓето во Бејрут и разорувањето со кои се соочија во последните неколку дена“, рече двојката во четвртокот. „Три добротворни организации што ги пронајдовме обезбедуваат суштинска помош на терен: либанскиот Црвен крст, Импакт Либан и Бајтна Бајтак“.

Оскаровецот Џорџ (59) и Амал (42), адвокатка за човекови права додаваат дека донацијата е во добротворни цели и се надеваат дека другите ќе помогнат на кој било можен начин.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои најчесто се венчаваат двапати

Иако многумина ја користат, оваа функција во автомобилот може да биде штетна за здравјето

(Видео) Менаџерот на Аца Лукас до Мицкоски: Откачете се од „црната вдовица“