Утрински Весник
Магазин

Џон Бон Џови позитивен на коронавирус, го откажа настапот во Мајами Бич

Џон Бон Џови позитивен на коронавирус, го откажа настапот во Мајами Бич

Џон Бон Џови беше принуден да се повлече од планираниот настап во Мајами Бич само неколку часа пред да излезе на сцената по добивањето на резултатот од тестот за коронавирус, иако за среќа тој не покажува многу симптоми.

Портпаролот на фронтменот на бендот „Бон Џови“ потврди: „Џон беше претходно вакциниран и се чувствува добро“.

Според 7News, публиката веќе била примена на „Лоес саут бич“за настанот Runaway with JBJ , кој требаше да има акустичен настап, фото-оп со пејачот, како и забава во костими за добредојде на Ноќта на вештерките, пред да биде соопштено дека Џон нема да може да настапи.

Можете да прочитате

Ново истражување: Пестицидите од храната завршуваат во телото

Од музеј во Парма украдени три слики вредни околу девет милиони евра

Италијански остров нуди 15.000 евра за преселба и месечен надоместок за деца