Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Џонсон: Состојбата со омикрон е тешка, ги разгледуваме сите можности

Џонсон: Состојбата со омикрон е тешка, ги разгледуваме сите можности
300x250 opst2

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, денеска изјави дека ги разгледува сите можности за да се задржи под контрола ситуацијата со новиот сој омикрон бидејќи состојбата во земјата според него е исклучително тешка, нагласувајќи дека соодветно на тоа ќе бидат потребни и нови мерки.

„Морам да и кажам на британската јавност, и на сите, дека нема да ја исклучиме можноста од воведување нови мерки за заштита на народот“, изјави Џонсон по состанокот со членовите на владата, пренесува Ројтерс.

Тој, исто така, истакна дека ситуацијата во земјата е исклучително тешка, а бројот на хоспитализирани лица заразени со коронавирусот во Лондон рапидно расте.

Запрашан за шпекулациите дека владата ќе усвои мерки кои ќе го забранат дружењето во затворени простории и ќе го ограничат туризмот, Џонсон рече:

„Можам да кажам дека ги разгледуваме сите можности, за да го држиме под контрола сојот омикрон така што не исклучуваме ништо“, одговорил Џонсон.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори