Утрински Весник
Свет

Џонсон: Русија ја планира најголемата војна од 1945 година, имаме докази за тоа

Џонсон: Русија ја планира најголемата војна од 1945 година, имаме докази за тоа
Dik 300x250 mk

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека доказите сугерираат дека Русија ја планира најголемата војна во Европа од 1945 година. Тој тоа го рече во интервју за Би-Би-Си за време на Конференцијата за безбедност во Минхен.

Според Џонсон, руските војници планирале не само да влезат во Украина од исток, преку Донбас, туку и од Белорусија и од областа околу Киев. Тој додаде дека сите знаци покажуваат дека планот на некој начин е веќе започнат.

„ Луѓето треба да ја разберат големата цена што ова може да ја донесе. Се плашам да го кажам тоа, но планот што го гледаме е нешто што навистина може да биде најголемата војна во Европа од 1945 година во однос на нејзините размери. Луѓето мора да ги земат предвид не само потенцијалните загуби на животи на Украинците, туку и на младите Руси“ додаде тој.

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе одржи состанок на Советот за национална безбедност, соопшти Белата куќа.

„ Претседателот Бајден продолжува да ја следи ситуацијата во Украина и редовно е информиран за настаните на теренот. Неговиот тим за национална безбедност потврди дека Русија во секој момент може да изврши напад врз Украина“ изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Можете да прочитате

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина