Утрински Весник
Свет

Џонсон најави построги мерки во борбата против Ковид-19

Џонсон најави построги мерки во борбата против Ковид-19

Британскиот премиер Борис Џонсон предупреди дека властите ќе мора да воведат построги мерки во борбата против ширењето на коронавирусот со цел да ги „заштитат“ божикните празници.

Џонсон го изјави тоа во време кога владата се подготвува да воведе посилни мерки за контрола на инфекцијата на североистокот на Англија.

Според извештаите, владата има намера да воведе 22-часовен полициски час за пабови и ресторани како одговор на неодамнешниот скок на бројот на потврдени случаи на коронавирус.

Локалните власти повикаа на поголеми ограничувања сега за да се избегне воведување на построги мерки на изолација подоцна.

Во статија објавена денес во весникот „Сан“, Џонсон напиша дека единствениот начин на кој земјата ќе може да ужива во зимските празници е да биде силна сега.

Во последните два дена пратениците од опозицијата го критикуваа начинот на кој Џонсон се соочува со кризата предизвикана од пандемијата на „Ковид-19“ и ја обвинија неговата влада дека нема сеопфатен план за решавање на вториот бран на пандемијата.

Особено загрижувачки е недостигот на опрема за тестирање, при што луѓето низ целата земја се жалат дека не можат да закажат тестирање или биле упатени на центри за тестирање далеку од дома.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење