Утрински Весник
Свет

Џонсон: Можеби се потребни построги правила за носење маски

Џонсон: Можеби се потребни построги правила за носење маски

Можеби е потребно да се воведат построги правила за носење маски во Англија, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.

„ Мислам дека мораме да бидеме построги во институциите луѓето да носат маски во затворени простории каде се сретнуваат со луѓе кои обично не ги сретнуваат“ рекол Џонсон, пренесе Ројтерс.
Според него, затоа е задолжително носењето маски во јавниот превоз.

Во Британија денеска бројот на починатѕи од коронавирус се зголеми за 48, на вкупно 44.650, соопшти британската влада.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нова безбедносна тревога на аеродромот во Прага: Девет авиони проверувани по закани со бомби

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се наместени нашите избори

Тешка автобуска несреќа во Франција