Утрински Весник
Свет

„Џонсон и Џонсон“ ја претставуваат својата вакцина следната недела, за имунизација потребна само една доза

„Џонсон и Џонсон“ ја претставуваат својата вакцина следната недела, за имунизација потребна само една доза

Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ треба да ги објави резултатите од третата фаза на тестирање на својата вакцина против коронавирусот следната недела, пренесува „Си-ен-би-си“.

Компанијата вели дека резултатите ќе бидат обемни и многу инклузивни во однос на опфатеноста на различни групи засновани на етничка припадност, возраст, географска клима, вклучително и Афроамериканци, Латиноамериканци и стари лица. Можно е да има разлика во резултатите од тестовите на места како што е Јужна Африка, каде што е откриен нов многу заразен мутиран вид на коронавирус, како што се наведува.

Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ може да биде одобрена за употреба веќе следниот месец.

За разлика од другите вакцини кои се одобрени за употреба во САД, вакцината на „Џонсон и Џонсон“ не се дава во две дози од три до четири недели, туку е потребна само една доза, поедноставувајќи го целиот процес на имунизација.

„Модерна“ вчера објави дека работи на зајакнување на вакцината против видот откриен во Јужна Африка, откако откри дека е помалку ефикасна против оваа мутација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Речиси две третини од Полјаците се против испраќањето војници во Украина

Во Англија се урна хеликоптер

Во израелските воздушни напади врз Газа загинаа најмалку 15 луѓе, меѓу кои и четворица новинари