Утрински Весник
Свет

Џонсон и Зеленски се договорија за продолжување на санкциите кон Русија

Џонсон и Зеленски се договорија за продолжување на санкциите кон Русија

Британскиот премиер Борис Џонсон и украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласија дека е неопходно да се прошири списокот на санкции кои треба да извршат максимален притисок врз рускиот претседател Владимир Путин во наредните денови, изјави денеска портпаролот на Даунинг стрит.

„Премиерот му кажа на претседателот Зеленски дека Велика Британија денеска собира членови на Генералното собрание на ОН со цел да обезбеди најостра можна осуда на Русија на попладневниот состанок на ОН во Њујорк“, додаде портпаролот, пренесува Ројтерс.

Претседателот Зеленски на Твитер објави дека ги „координирал акциите“ со премиерот Џонсон.

Можете да прочитате

Германски град препорача евакуација поради голем пожар во Белгија

Над 700 камиони со хуманитарна помош влегоа во Авганистан од Пакистан

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег