Утрински Весник
Магазин

Џони Деп пишувал со раскрварен прст за време на расправија со поранешната сопруга

Џони Деп пишувал со раскрварен прст за време на расправија со поранешната сопруга
Ss2

Холивудската sвезда Џони Деп пишувал на ѕид со крвта од расечениот врв на прстот, повреда што ја добил во текот на долга и насилна конфронтација со поранешната сопруга Амбер Херд, според неговото сведочење во судот во Лондон во четвртокот.

Деп во судницата изјави дека „претрпел некој вид на нервен слом“ за време на расправија со Херд, но негираше дека физички ја нападнал. Всушност, тој ја обвини дека му го исекла прстот кога фрлала шишиња вотка кон него.

Ваквите наводи излегоа на површина на третиот ден на судскиот процес за клевета против британскиот таблоид „Сан“. Актерот го тужи издавачот на „Сан“- News Group Newspapers – за статија во која таблоидот го нарекува „тепач на сопругата“.

Во текот на судскиот процес, Деп ги отфрли сите обвиненија дека бил насилен кон неговата поранешна сопруга, тврдејќи дека тие се дел од измамата што ја смислила Херд како полиса за осигурување.

„Таа изградила неверојатно досие, полиса за осигурување што  ја искористи по нашиот развод“, рече тој

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август