Утрински Весник
Магазин

Џони Деп бил насилен мизогинист, тврди адвокатката на британски „Сан“

Џони Деп бил насилен мизогинист, тврди адвокатката на британски „Сан“

Џони Деп бил зависник од наркотици склон кон епизоди на насилен бес и мизогинист кој ја напаѓал својата сопруга и користел навредлив јазик за жените, беше кажано во понеделникот во лондонскиот Висок суд каде што привршува судскиот процес за клевета против британски таблоид.

Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ ги тужи издавачите на „Сан“, News Group Newspapers, и новинарот Дан Вутон за статија од 2018 година во која го нарекува тепач на сопруга.

Деп (57) и неговата поранешна сопруга Амбер Херд (34) двајцата дадоа докази на судењето. Деп рече дека тој никогаш не бил насилен кон Херд или која било друга жена и дека таа била насилникот во нивниот брак. Херд наведе повеќе инциденти за кои тврди дека Деп физички ја нападнал.

Резимирајќи го случајот во одбрана на тврдењето за тепање на сопругата, адвокатката Саша Вас рече дека наводите во статијата се вистинити и дека актерот е безнадежен зависник.

Адвокатката наглас прочита еден мејл од 2013 година адресиран до Деп, во времето кога тие не биле венчани. Во мејлот кој Херд наводно го сочувала во својата архива, таа вели: „Ме удри повторно, нешто што никогаш не требаше да го сториш. И ништо од тоа не би било можно без алкохол и дрога. НИШТО.“ Мејлот бил адресиран до Деп но не бил испратен.

Адвокатката го обвини Деп за „длабока мизогинија“, повикувајќи се на пораки и е-пошта во кои тој користел навредливи зборови „курва“, или „безвредна проститутка“ за Херд и за други жени.

„Обвинувајќи ја Херд дека физички го нападнала, Деп сака да ги смени улогите на сторителот и жртвата,“ рече Вас. „Обвинет за насилство и прекумерно земање дрога, тој одговора со истите обвиненија против неа.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста